Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот НАТО-Русија.

Русија на првиот состанок на Советот во последните две години ја претставуваат заменик министерот за надворешни работи Александар Грушко и заменик министерот за одбрана Александар Фомин.

Денешниот состанок е втор од трите клучни ангажмани со Русија, наменети за смирување на растечката закана што ја претставува Москва за соседна Украина, додека земјата распоредува илјадници војници долж границата.

Во понеделникот претставниците на Русија и САД во Женева преговараа повеќе од седум часа, потсетува Си-Ен-Ен. Тие разговараа за безбедносните гаранции меѓу Русија и САД, а делегациите ги предводеа заменик-државната секретарка на САД Венди Шерман и рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

За утре е закажан состанок на Советот Русија-ОБСЕ во Виена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.