Министрите за енергетика на Европската унија на специјален состанок во Брисел денеска треба да разговараат за одлуката на Русија да ја прекине испораката на гас за Полска и Бугарија.
Разговорите треба да се фокусираат на тоа како најдобро да се обезбеди европската енергетска безбедност додека се зголемува притисокот да се најдат алтернативни залихи.
Русија во средата ја прекина испораката на гас за Полска и Бугарија, откако двете земји одбија да ја прифатат новата шема за плаќање што ја бараше Москва. Рускиот енергетски гигант Газпром соопшти дека ниту полскиот PGNiG ниту бугарскиот Булгаргаз не го платиле својот гас навреме, ниту во рубли како што сега бараат.
Софија и Варшава, пак, нагласија дека ги исполниле сите договорни обврски. Откако Русија прекина испорака, двете држави добиваат гас од своите соседи, објави Европската комисија.
Неколку лидери на ЕУ ја опишаа одлуката на Русија како „уцена“ по усвојувањето на европските масивни економски санкции кон Москва поради инвазијата врз Украина.
ЕУ веќе спроведе забрана за увоз на руски јаглен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.