Американскиот бизнисмен Џорџ Сорос се огласи на својот Твитер налог, демантирајќи ги гласините дека починал, кои од синоќа се актуелни на оваа социјална мрежа.

Гласината дека милијардерот (92) починал започна на страницата Politics For All Ireland, која во меѓувреме го отстрани контроверзниот твит.  Оттогаш објавата стана вирална, но неговиот портпарол „MailOnlinе“ ја демантираше веста за смртта додека самиот Сорос се огласи на Твитер.

„Гласините дека имав срцев удар се целосно лажни. Жив и здрав сум“, напиша тој.

Сорос неколку пати на интернет беше „прогласуван за мртов“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.