Во борбата против постојаниот смог во Полска, научниците тестираат нов „топ“ кој користи звучни бранови за да турка токсични честички во атмосферата и, на тој начин да им овозможи на жителите да дишат поквалитетен и почист воздух.
Поставен на врвот на метален контејнер, експерименталниот уред се состои од голем превртен конус кој испушта звук секои шест секунди. Целта е да се отстрани смогот од Калварија Зебрзидовска, којашто како и многу други полски градови, секоја зима се соочува со овој проблем кога граѓаните палат шпорети кои го загадуваат воздухот. Од оџаците испуштаат густ чад, а со заоѓањето на Сонцето потоа, над градот се спушта густ смог.
Воздухот во Полска е меѓу најзагадените во Европа и во најлошите делови од годината постојано ги надминува границите поставени од ЕУ.
Ние користиме вертикален ударен бран генериран од согорување на ацетилен и воздух. Бранот исфрла загаден воздух на повисоки височини – појаснува Доминик Грибос од Металуршкиот и рударски факултет во Краков, кој е еден од пронаоѓачите на топот.
Отровните честички така се испраќаат во висина од неколку стотици метри, што ги прави безопасни за жителите.
Ако го користиме топот на растојание од половина час до еден час, загадувањето се намалува за 15 до 30 отсто на два-три километри од топот… Ефектите траат меѓу еден и три часа – вели Грибос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.