Првиот човек на градот Михајловка во регионот Запорожје, кој е под контрола на руските сили, Иван Сушко, е убиен во автомобил бомба, јавуваат украинските медиуми. Инцидентот се случил околу 8 часот по локално време, а медиумите се повикуваат на изјава на Владимир Рогов, член на главниот совет на регионот Запорожје.

Според него, под седиштето на автомобилот во кој се наоѓал Сушко, била поставена експлозивна направа.

Како резултат на експлозијата, Иван Сушко е ранет и итно е пренесен во болница во критична состојба, каде што набргу почина, напиша Рогов на Телеграм.

Според извештаите, Сушко не бил сам во возилото во моментот на експлозијата, со него имало и дете.

РИА новости објави дека новата руска администрација во Михајловка почнала со работа на 29 април. Во тоа време во градот живееле околу 12 000 луѓе. Михајловка е под контрола на руските сили, а Украинците се сомневаат дека Сушко се согласил да соработува со руските сили.

Руската армија од пролетта ги контролира териториите на регионите Запорожје и Херсон во Украина.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.