Човек со камион се забил во руската амбасада во главниот град на Ирска, Даблин, за време на протестите против руската воена акција во Украина.

Камионот ја разбил оградата на амбасадата, по што бил поздравен со извици на одобрување од собраните демонстранти.

Сакам амбасадорот и неговите колеги да заминат од нашата земја, да ја напуштат оваа слободна земја. Време е да им се спротивставиме. Јас го направив својот дел. Сега е време остатотокот на Ирска да го направи својот – изјави човекот, кој се идентификувал како работник од градот Лајтрим, на 150 километри од Даблин.

Полицајците што биле во близина го уапсиле, а тој не пружал отпор.

За жал, морам да ве уапсам поради опасно возење – му рекла една од полицајките.

Од руската амбасада остро го осудија инцидентот.

Полицајците не направија ништо додекасе случуваше нападот. Амбасадата најостро го осудува ова кривично дело на лудост насочена против мирна дипломатска мисија. Амбасадата во овј чин гледа како јасно и недвосмислено кршење на членот 22 од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.

 

Амбасадата е контакт со ирското министерство за надворешни работи и бара од ирските власти да преземат строги мерки за да ја осигураат безбедноста на вработените во амбасадата и членовите на нивните семејства. Инцидентот е причина за голема загриженост. Сметаме дека ниту еден разумен човек не би можел да поддржи таков лудачки и варварски чин – изјави портпаролката на руската амбасада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.