Во интервјуа за Си-Ен-Ен, израелските војници се жалат дека биле сведоци на „ужас“ и дека претрпеле психичка траума при учеството во борбите во Газа.

Во нивното сведочење, многумина сведочат како со оклопни булдожери „превртеле стотици луѓе, и мртви и живи“.

Како што се вели во текстот, додека ги извршувале задачите на терен, на почетокот им помагало тоа што добивале наредби да се борат против терористите и оние кои го поддржуваат Хамас во Газа“. Сепак, состојбата се променила како одминувал текот на борбените дејствија.

Експлозиите сега одекнуваат во главите на војниците на израелската војска, и некои од нив веќе не можат да јадат месо откако виделе „толку многу месо на улица“, се вели во написот.

Во текот на борбите во Газа, кои траат една година, загинаа речиси 42 илјади Палестинци.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.