Со два приватни авиона денеска било евакуеирано семејството на првиот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, пренесува РИА новости. Еден авион во Казахстан наводно долетал од Македонија, а другиот од Обединетите Арапски Емирати, а потоа и двете летала се упатиле кон Киргистан.
Во првите денови од новата година почнаа протестите во Казахстан. Жителите на градовите Жанаозен и Актау, кои се наоѓаат во регионот Мангистау каде што се произведува нафта, протестираа против двојното зголемување на цената на течниот нафтен гас што се користи како гориво за автомобилите. Од републичкото Министерство за енергетика објаснија дека од 1 јануари неговата вредност почнала да се формира при електронското тргување на берзата врз основа на понудата и побарувачката.
На 4 јануари властите објавија дека се подготвени да го исполнат главното барање на демонстрантите – намалување на цената на бензинот. И покрај тоа, протестите започнаа и во другите градови. Тогаш актуелниот претседател Токаев ја распушти владата. Тој најави и дека доаѓа на чело на Советот за безбедност, кој претходно го предводеше првиот претседател на републиката Нурсултан Назарбаев. Владата воведе државно регулирање на цените на бензините и дизел горивата за 180 дена. Во целата земја беше воведена вонредна состојба.
Претседателот ги предупреди демонстрантите дека властите ќе преземат најстроги мерки против насилниците, бидејќи како резултат на немирите загинаа и припадници на безбедносните сили. Покрај тоа, демонстрантите направија неколку обиди да упаднат во административните згради и полициските одделенија, при што беа убиени десетици луѓе. Споменикот на Назарбаев во меѓувреме беше урнат во Талдикорган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.