Претседателот на Еквадор Гиљермо Ласо прогласи вонредна состојба во траење од 60 дена во целата земја по убиството на претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио.
Вооружените сили од овој момент се мобилизирани низ целата национална територија за да ја гарантираат безбедноста на граѓаните, спокојството на земјата и слободните и демократски избори на 20 август, рече Ласо во обраќањето објавено на Јутјуб.
Осомничениот за атентатот на еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио починал од раните добиени во престрелка, соопшти еквадорското обвинителство на Твитер.
SHOCKING VIDEO: Ecuador presidential candidate Fernando Villavicencio, who was leading in the polls, has just been assassinated two weeks before an election the 59-year-old was expected to win. Journalists were referring to him as “right-wing” candidate!pic.twitter.com/69wFzCK4DK
— Simon Ateba (@simonateba) August 10, 2023
Осомничениот кој беше застрелан во престрелка со безбедносните сили е фатен и во тешка состојба е префрлен во Обвинителството во Кито. Екипа на Брза помош констатирала смрт, соопшти државното обвинителство.
Според анкетите, Вилависенсио имаше 7,5 отсто поддршка меѓу гласачите, ставајќи го на петтото место меѓу осумте кандидати кои ќе се натпреваруваат на претседателските избори на 20 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.