Словенечкиот премиер, Роберт Голоб најави дека неговата земја денеска ќе ја признае палестинската држава.
Шпанија, Ирска и Норвешка го направија тоа во вторникот – се приклучија на групата од 140 земји кои ја признаа палестинската држава.
Словенечката влада денеска ќе го испрати предлогот за признавање до парламентот на одлука.
Поради грозоморните настани и масакрот во Рафа, словенечката влада одлучи да не чека до јули. В четврток ќе ја признаеме бидејќи сме згрозени од настаните во Рафа. Сакаме ова да биде јасна порака до целиот свет. Мора да направиме се што можеме за да најдеме трајно решение и мир на Блискиот Исток, рече Голоб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.