Словачка ќе побара од Агенцијата за гранична и крајбрежна стража на Европската Унија – Фронтекс, да помогне во обезбедувањето на границата со Украина, која е под притисок поради десетици илјади бегалци кои бегаат од конфликтот во Украина.

И покрај одлуката на словачката влада да ја зајакне заштитата на словачко-украинската граница со распоредување припадници на вооружените сили, ние ќе побараме поддршка и од Фронтекс – се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи на земјата.

Во соопштението не се дадени детали за тоа каков вид помош е побарана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.