Иако се релативно добро застапени на повиски нивоа во администрацијата на ЕУ, граѓаните на скандинвските земји се помалубројни помеѓу пониските слоеви на бриселската бирократија, како резултат на фактот што овие работни места не се премногу привлчени за Скандинавците, пред се за помладите генерации.
Токму затоа, скандинавската тројка во ЕУ – Данска, Шведска и Финска, сметаат дека Европската Унија мора да ги промени своите правила за вработување или ризикува практично да ги елиминира Скандинавците од Европската комисија.
Според нив, причини за ваквиот слаб интерес на Скандинавците за работа во Брисел се долгиот процес на регрутирање кадри, лошо дизајнираните испити за проверка на знаењето за одредени земји и за работни места, како и пониските плати во споредба со оние во скандинавските земји.
Да се биде „еврократ“ со почетна месечна плата од 5.000 евра изгледа финансиски привлечно за граѓаните на земји како Грција и Романија, каде просечни годишни плати изнесуваат 15.897, односно околу 13.000 евра, но ни и за Швеѓаните или Данците во чии држави платите на годишно ниво изнесуваат во просек 46.934, односно 63.261 евро.
Тоа е видливо и според статистичките податоци за вработените во Европската комисија, кои покажуваат дека Грците и Романците се презастапени меѓу пониските и средните нивоа на администартивците, додека од друга страна Швеѓаните, Данците и Финците се недоволно застапени на истите нивоа.
Како што посочува неименуван дипломат од една од скандинавските земји за бриселскиот портал „Политико“, Скандинавците речиси и да ги нема во Европската комисија.
– Не нарекуваат панди, затоа што не има толку малку во Комисијата, вели дипломатот, кој е ангажиран за привлекување на неговите сонародници на работни места во ЕУ.
Според најавите, во следните недели, овие три скандинавски земји заедно со десетина други членки на ЕУ ќе иницираат склучање договор со Еврокомисијата за спроведување промени со цел да се спречи „растечката географска нерамнотежа“.
Ваквите барања може да наидат на отпор од некои други членки на ЕУ, како што се Италија, Романија или Грција, кои се многу поуспешни во вклопувањето на своите сонародници во бриселската машинерија и не се наклонети кон сериозни промени во системот.
Вработувањето на „свои луѓе“ во администрацијата во Брисел не е само прашање на човечки ресурси, па членките на ЕУ се заинтересирани да имаат што е можно повеќе свои граѓани на местата на кои се донесуваат одлуки, кои би ги штителе нивните интереси.
Сржта на бриселската бирократија се околу 14.000 највисоко рангирани службеници во блокот, познати како „администратори“, кои се одговорни за спроведување на донесените политички одлуки, но учествуваат и во изработката на правилата што регулираат се во Унијата – од загадувањето на автомобилите, па до надоместокот за донации на оружје за Украина.
Според дипломатка во Шведската мисија во ЕУ недоволната застапеност на Скандинавците во европските институции се повеќе станува политички проблем.
– Ако не се реши овој проблем, тоа може да придонеси се ширење анти-ЕУ ставови во земјите членки, заклучува шведската дипломатка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.