Шефот на градската воена управа на Киев, Серхиј Попко, изјави дека руските сили синоќа го нападнале Киев со неколку групи нападни беспилотни летала.
Како што изјави Попко, сите руски дронови биле соборени од украинските сили за воздушна одбрана над предградијата и главниот град на Украина.
Попко изјави дека во нападот нема жртви или материјално уништување, пренесоа украинските медиуми.
Нападите беа извршени во бранови и од различни правци. Тревогата за воздушен напад беше објавена три пати и траеше вкупно повеќе од пет часа, соопшти Попко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.