Во близината на Киев утринава повторно одекнале експлозии, објави „Би-Би-Си“.

Британскиот јавен сервис наведува дека денот во главниот град на Украина почнал со сирени за аларм, по што од правец на предградијата се слушнале силни експлозии.

Како што додаваат во извештајот, вибрациите од детонациите биле почувствувани и во центарот на Киев.

Дописникот на „Би-Би-Си“ од Киев на Твитер напиша дека звуците на артилерија се слушаат од периферијата на градот. Тој истакна дека не е јасно дали експлозиите биле предизвикани од руски или украински сили или и двете.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.