На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како синовите на Рамзан Кадиров носат тројца украински воени затвореници кај својот татко во главниот град на Чеченија, Грозни.

Како што може да се види на видеото, Рамзан гордо ги гледа своите синови, но голем број коментари на социјалните мрежи велат дека видеото е монтажа.

На таквите коментари, одговори Кадиров на својот Телеграм канал, каде што порача дека не се работи за монтажа, туку дека навистина сстанува збор за тројца украински војници, кои биле мобилизирани и „фрлени на фронтот како топовско месо“.

Нашата делегација, предводена од министерот за култура на Чеченската Република, Ајшат Кадирова, пристигна во Грозни по исцрпувачкото патување во Донбас. Немаше изненадувања. Ахмат, Ели и Адам Кадиров донесоа назад во Републиката тројца заробени припадници на вооружените сили на Украина, кои ги неутрализираа за време на нивното учество во специјалната операција, која беше спроведена како дел од баталјонот Западен Ахмат – објасни Кадиров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.