Синот на соборениот диктатор Фердинанд Маркос, Фердинанд Маркос Помладиот положи заклетва за претседател на Филипините.

Конгресот минатиот месец ја прогласи неговата убедлива победа на изборите. Нова потпретседателка ќе биде Сара Дутерте, ќерката на претседателот кој си заминува, Родриго Дутерте.

Активисти и лица кои живееле во времето на диктатурата на Фердинанд Маркос протестираа поради инаугурацијата, што се одржа на скалите од Националниот музеј во Манила.

Ова е ноќен кошмар за сите кои ја преживеале тортурата за време на диктатурата – реагираа активистите.

Илјадници полицајци се распоредени околу местото каде се одржа свеченоста.

Поради пандемијата од корона вирусот, Филипините минуваат низ најтешката рецесија од Втората светска војна, следена со невработеноста и недостигот од храна. Пандемијата сериозно ги погоди Филипините, при што починаа околу 60.000 лица.

Се очекува кризата да биде дополнително задлабочена поради војната во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.