Синот на претседателот на Уганда, Мухози Кајнеругаба, рече дека ќе испрати војници да ја бранат Москва во случај на „империјалистичка“ закана.
„Наречете ме „путинист“ ако сакате, но Уганда треба да испрати војници да ја бранат Москва доколку империјалистите некогаш и се закануваат. Западот си го губи времето со бескорисна проукраинска пропаганда“, напиша на Твитер синот на претседателот, жесток поддржувач на Владимир Путин.
Сепак, тој го избриша тој твит, според медиумите.
Уганда се воздржа од гласањето на ОН за украинскиот конфликт, вклучително и она во февруари на првата годишнина од руската инвазија на Украина, кога ја повика Москва да ги повлече своите трупи од земјата, пишува African News.
Во јули, за време на турнејата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров низ Африка, Кајнеругаба, мислејќи на Русија, рече: „Како можеме да бидеме против некој што никогаш не нè повредил?“, пренесува медиумот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.