Синдикатот на технолошките работници во Њујорк тајмс испрати писмо до Управниот одбор на компанијата, во кое предлага да се постигне договор пред изборите во САД за да се избегне штрајк.

„Како преговарачки комитет на вработените во технолошкиот сектор во Њујорк тајмс, ви пишуваме за да ве информираме дека претставниците на Тајмс во преговорите покажаа неподготвеност за компромис во поглед на клучните договори“, се наведува во писмото на синдикатот, објавено на социјалната мрежа Икс.

Синдикатот, кој брои околу 700 технолошки работници, додава дека веќе влегле во третата година од преговорите со раководството на компанијата за договорот и дека неговите членови го одобриле штрајкот на 10 септември.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.