Италија и денеска, од север до југ, е погодена од невреме проследено со пороен дожд, па цивилната заштита издаде портокалово предупредување за областите Емилија-Ромања, каде што реките Секија, Енца и Панаро предизвикуваат посебна загриженост, како и за Сардинија.

Жолтото предупредување е на сила во уште 10 региони, Пиемонте, Ломбардија, Венето, Тоскана, Лацио, Умбрија, Марке, Пуља, Базиликата и Сицилија, пренесува tg24.sky.

Во Емилија-Ромања, општинските власти ги повикаа граѓаните да го ограничат патувањето на минимум бидејќи лизгањето на земјиштето и одроните оставија многу патишта непроодни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.