Силни експлозии одекнаа во Киев и во други украински градови, за време на изминатата ноќ, како и утринава.

Осми ден од војната меѓу Украина и Русија, во продолжение следете ги сите актуелности од денешниот ден.

Неколку моќни експлозии се слушнаа утрово во Киев, додека Херсон стана првиот регионален главен град што Русите го освоија од почетокот на инвазијата на Украина минатиот четврток. Оттогаш, еден милион луѓе избегаа од Украина.

„Во само седум дена сведочевме на егзодус на еден милион бегалци од Украина во соседните држави. На милиони други кои се во земјата итно треба да им се обезбеди хуманитарна помош“, изјави шефот на УНХЦР, Филипо Гранди.

Во последното видеообраќање, претседателот Володимир Зеленски ги повика Украинците да продолжат со отпорот, а руските војници ги опиша како збунети деца кои се искористени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.