Францускиот претседател Емануел Макрон „силно ја осудува“ анексијата од Русија на четири региони во Украина, нарекувајќи го потегот „нелегален“, соопшти неговиот кабинет.

Ова е сериозно кршење на меѓународното право и на суверенитетот на Украина, соопшти Кабинетот откако рускиот претседател Владимир Путин ја објави анексијата.

Од Кабинетот на Макрон додаваат дека „Франција се противи на тоа и стои заедно со Украина против руската агресија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.