Силна експлозија се случи вечерва во станбена зграда во Истанбул, јавија турските медиуми. Експлозијата, која се случила во областа Кадикој, предизвикала пожар, пишува весникот „Милијет“. На терен се повеќе противпожарни возила, како и полиција, а според неофицијални информации три лица загинале.

Пожарот е ставен под контрола, а причината за експлозијата сѐ уште не е позната.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.