Најмалку три лица загинаа, а стотици се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди северозападниот дел на Иран, објави државната новинска агенција ИРНА.
Како што е наведено, оштетени се згради во десетици градови, а повеќе од 440 луѓе се повредени.
Земјотресот се случил во 21 часот и 44 минути во саботата вечерта во провинцијата Западен Азербејџан, во близина на границата со Турција, соопшти Иранскиот сеизмолошки центар во Техеран.
Најмногу беше погоден градот Хој, но потресите се почувствувале и во други региони.
Минатата недела најмалку 120 лица беа повредени во друг земјотрес, што се случи во северозападниот дел на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.