Забраната за увоз на руска нафта предложена од Европската Унија не вклучува механизми за споделување товар и заеднички набавки од други извори, изјави денеска чешкиот министер за индустрија и трговија Јозеф Сикела.

Предлогот не ни покажува како дефицитот, што ќе го создаде ембарго, ќе биде правично распределен меѓу членките, ниту пак го скицира механизмот на заедничка набавка и заедничка распределба. Сè уште го проучуваме, но тоа е проблематично за мене – истакна Сикела.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Европскиот парламент, претставувајќи го новиот пакет санкции против Русија истакна дека ЕУ постепено ќе ја исклучува руската нафта и деривати од пазарот во следните шест месеци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.