Унгарија се противи на идејата за воведување на десетти пакет санкции против Русија, како и на сите други санкции на Европската Унија, бидејќи тие не помогнаа да се постигне мир во Украина, но затоа и наштетија на европската економија. изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
– Санкциите целосно ја промашија поентата, рече Сијарто, додавајќи дека десеттиот пакет санкции на ЕУ за кој се разговара во Брисел „се исти како и претходните девет и само ќе им нанесат поголема штета на Европејците, ја пренесе ТАСС изјавата на Сијарто за радио „Кошут“.
Сијарто истакна дека санкциите не ја принудиле Русија да ја промени својата позиција, не донеле мир во Украина, туку донеле „незамисливи тешкотии“ во Европа, вклучително и прилив на бегалци и инфлација.
Зборувајќи за предлогот на некои земји од ЕУ за проширување на санкциите кон Русија на нуклеарната енергија, Сијарто повтори дека Унгарија нема да го поддржи, бидејќи ќе ја загрози нејзината енергетска стабилност.
Тој објасни дека нуклеарната централа Пакс, која произведува половина од електричната енергија и една третина од електричната енергија што се троши во Унгарија, користи руско нуклеарно гориво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.