Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, предупреди дека Западот се обидува да ја турне неговата земја во војната во Украина.
Будимпешта мора да се подготви за сериозни напади врз нејзината суверена надворешна политика и во наредната година, бидејќи либералите ќе ја нападнат политичката, физичката, економската и енергетската безбедност на земјата“, предупреди Сијарто.
Унгарскиот инистер за надворешни работи истакна дека зачувувањето на суверенитетот на Унгарија не е прашање на политичка идеологија, туку на „живот и смрт“, осврнувајќи се на загрозената безбедност на политичарите коишто се залагаат за мир, вклучително и неодамнешните обиди за убиство на словачкиот премиер Роберт Фицо и републиканскиот кандидат за американски претседател, Доналд Трамп.
Унгарија стана последната пречка за невоздржаното, неконтролирано дивеење на воената психоза во Европа“, изјави Сијарто, истакнувајќи дека Будимпешта не сака да учествува во испораката на оружје и обуката на украинските војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.