Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на прес-конференција во романскиот град Миеркурија Чук, порача дека националните интереси на Романија и Унгарија се совпаѓаат во однос на целосното пристапување на земјата во Шенген зоната.

Мораме да направиме се што е можно Романија конечно да влезе во Шенген зоната како полноправна членка. Овде зборуваме за прашање каде што се поклопуваат националните интереси на Романија и Унгарија, односно на двата народи. Поради оваа причина, ќе сториме се што е можно, ќе мобилизираме сè и ќе се обидеме да ги убедиме сите во следните два месеца за конечно да може Романија да влезе во Шенген зоната. Наш интерес е животот на заедниците од двете страни на границата да бидат што посилно поврзани, за што ни е потребен статус за членство во Шенген“, порача Сијарто.

Темата за Шенген беше разгледана и на форумот во Миеркурија Чук, на кој шефот на унгарската дипломатија учествуваше заедно со лидерот на Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија, Келемен Хунор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.