Кинескиот претседател Си Џинпинг, порача дека државите од БРИКС, како важни пазари во создавање и големи земји во развој, треба да делуваат со чувство на одговорност, за да му донесат на светот позитивна, стабилизирачка и конструктивна сила.
Како домаќин на 14. Самит на БРИКС, што се одржува по видео линк, Си истакна оти Самитот се одржува во критичен момент во обликување на идниот тек на човештвото.
Спротивно на сложените околности за време на пандемијата од Ковид-19, макотрпното светско економско закрепнување и сè поизразените прашања за мир и безбедност, механизамот на БРИКС покажа отпорност и виталност прифаќајќи го духот на отвореност, инклузивност и на соработка од што сите добиваат – истакна Си.
Според него, земјите од БРИКС ги зајакнале солидарноста и координацијата и заеднички работеле на предизвиците.
За да донесат позитивна, стабилизирачка и конструктивна сила на светот, Си смета дека земјите од БРИКС треба да се залагат за еднаквост и за правда, да ја охрабруваат меѓународната заедница да практикува вистински мултилатерализам и да поддржуваат меѓународен систем со Обединетите Нации во нивниот центар и меѓународниот поредок заснован на меѓународното право.
Си ги повика земјите од БРИКС да апелираат светот да ги отфрли менталитетот на Студената Војан и блоковската конфронтација, да се спротивстави на едностраните санкции и злоупотребата на санкции и да ги отфрли малите кругови, изградени околу хегемонијата со формирање на едно големо семејство, кое припаѓа на заедницата со заедничка иднина на човештвото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.