Кинескиот лидер Си Џинпинг и американскиот претседател Џо Бајден ќе разговараат за „глобалниот мир и развој“ на самитот оваа недела во Сан Франциско, соопшти денеска Пекинг.
„Двајцата шефови на држави ќе имаат длабинска комуникација за стратешки, општи и насочувачки прашања во врска со односите меѓу Кина и САД, како и за главните прашања во врска со глобалниот мир и развој“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг на редовниот брифинг.
Таа додаде дека Пекинг се противи на „дефинирање на односите меѓу Кина и САД во однос на конкуренцијата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.