Руските сили го зазеле аеродромот „Антонов“, кој се наоѓа на 20 километри од Киев, јавија новинари на Си-ен-ен.

„Тоа се војниците што ги гледате, тоа се војници од руските воздухопловни сили. Тие го зазедоа аеродромот“, напишаа новинари на Си-ен-ен на Твитер.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно, ги повика светските лидери да обезбедат помош во одбраната со цел да се заштити воздушниот простор на Украина од Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.