Останува нејасно кој стои зад експлозиите на гасоводот „Северен поток“ што ги поврзува Русија и Германија, соопшти шведското обвинителство, кое го истражува случајот.

Експлозиите се случија минатата година и доведоа до испуштање гас во Балтичкото Море.

Ние работиме без престан и бараме насекаде, не оставајќи ништо на случајноста. Нашата надеж е да откриеме кој го извршил злосторството, но треба да се забележи дека ова веројатно ќе биде тешко со оглед на околностите, се вели во соопштението на обвинителот Матс Љунгквист.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.