Три шведски десничарски партии договорија формирање малцинска влада со поддршка на антиимигрантската партија Шведски демократи, објави лидерот на Умерена партија и иден премиер Улф Кристерсон.
Новата влада вети намалување даноци, изградба на нова нуклеарна централа и заострување на имиграциските правила, но и дека полицијата ќе добие поголеми овластувања.
Промената не е само неопходна, туку и можна и ние четири партии ја нудиме таа промена“, изјави 58-годишниот Кристерсон.
Парламентот ќе гласа за владата на Кристерсон в понеделник и се очекува да добие поддршка, но тој ќе мора да работи со партии кои досега силно се противеа на некои негови политики. Четирите партии од новата влада држат 176 од 349 места во парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.