Земјите-членки на НАТО денеска во Брисел ќе ги потпишат пристапните протоколи неопходни за членството на Шведска и на Финска.

Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде и нејзиниот фински колега Пека Хависто ќе учествуваат на церемонијата на потпишување заедно со претставници на сегашните 30 членки на НАТО.

Протоколите му дозволуваат на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, официјално да ги покани Шведска и Финска да се приклучат на Алијансата, но процесот на ратификација може да потрае шест до осум месеци.

Потпишувањето на протоколите за покана беа пролонгирани поради спротивставувањето на Турција и обвинувањето на Стокхолм и на Хелсинки дека поддржуваат терористички групи. Недоразбирањата беа надминати откако Турција, Шведска и Финска се согласија да соработуваат во низа антитерористички операции, вклучително и договори за екстрадиција и ветувања за ставање крај на ембаргото за оружје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.