Швајцарската влада соопшти дека нема да ја промени својата долгогодишна политика за забрана на извоз на швајцарско оружје во трети земји и покрај зголемениот притисок од европските земји да го извезат во Украина.
И одвнатре и однадвор растат повиците Швајцарија да ја прекине својата вековна традиција на неутралност по руската воена операција во Украина пред повеќе од една година.
Во јануари две парламентарни комисии препорачаа ублажување на правилата. Сеак, Владата тоа го одби.
Федералниот совет е посветен на вредностите на швајцарската неутралност и ќе продолжи да работи за да се обезбеди остварување на придобивките од неутралноста“, се вели во владиното соопштение.
Сепак, тие додаваат дека ќе продолжат да ги следат дискусиите и повторно да се изјаснат „доколку биде потребно“.
Земјите кои имаат купено швајцарско оружје мора да побараат дозвола за повторен извоз на тоа оружје.
Од почетокот на војната, Швајцарија доби барања од Германија, Данска и Шпанија за извоз на швајцарска воена опрема во Украина, но сите овие барања беа одбиени.
Сепак, Швајцарија ги усвои санкциита на Европската Унија и повеќе пати повикуваше на повлекување на руските војници од Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.