Младите лекари во Англија, кои имаат статус на приправник, утрово ја прекинаа работата на шест дена, бидејќи бараат покачување.

По тридневниот штрајк пред Божиќ и неколкуте прекини на работа во последните месеци, младите лекари ја интензивираат својата мобилизација поради немање договор со владата во кризата предизвикана од инфлацијата.

Штрајкот на младите лекари, од кои во Англија има околу 70 илјади, почна денеска наутро и ќе заврши во вторник во истиот термин.

Новиот шестдневен штрајк доаѓа додека британскиот систем за јавно здравје, има недостиг од лекари и се бори да ги намали огромните листи на чекање на пациенти.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.