Државните болници ширум Англија престануваат со работа поради уште еден 48-часовен штрајк на постарите по стаж и позиции болнички лекари поради спорот околу платите со Владата.

Илјадници болнички лекари велат дека ќе пружат само итна помош.

Денешната акција е најновата во серијата штрајкови на лекарите, медицинските сестри и другиот клинички персонал во последните месеци, кои бараат подобри плати во услови на криза во Велика Британија.

Конзервативната влада инсистираше дека разговорите за платите се завршени откако посочи дека тие лекари ќе добијат зголемување на платите за шест отсто. Министерот за здравство Стив Баркли рече дека просечната годишна плата за постарите лекари изнесува 134.000 фунти.

Британското медицинско здружение, синдикатот на лекарите, го оцени зголемувањето како „навредливо“ и соопшти дека лекарите доживеале намалување на платите од 35 проценти во реален износ во изминатите 14 години.

Во меѓувреме, десетици илјади помлади лекари и друг персонал се уште имаат спор со Владата за платите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.