Околу 200 илјади патници во Франција денеска се обидуваа да ги вратат или заменат билетите, по најавеното откажување на стотици возови поради најавениот штрајк на железничарите за Божикните празници.

Кондуктерите во Француската железница го одбија понуденото зголемување на платите за 12 отсто во текот на наредните две години.

Проценките на националната железничка компанија СНЦФ се дека наредниот празничен викенд нема да сообраќаат третина од возовите, а откажани се речиси сите поаѓања на брзите возови „Те-Же-Ве“.

Диспечерите на возовите кои повторно ќе штрајкуваат поради платите и се незадоволни од статусот на железницата, имаат многу важна улога во функционирањето на железничкиот сообраќај бидејќи се грижат за безбедно движење на возовите покрај пругите, за ракување со сигнализацијата. и сигурносни уреди, товарење и контрола на составот на возовите и други.

Државната железничка компанија СНЦФ и Владата ги критикуваа кондуктерите што го одбија предложеното зголемување на платите.

Генералниот директор на Одделот за превоз на патници на СНЦФ, Кристоф Фанише, денеска ја повтори минатогодишната изјава дека е „скандалозно” да се штрајкува за време на празниците, а портпаролот на француската влада, Оливие Веран, предупреди дека „не се штрајкува за Божик“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.