На социјалните мрежи се појави застрашувачка снимка, направена од палестинската екстремистичка организација Хамас.

Називот на клипот на арапски и еврејски е: Што ве чека кога ќе влезете во Газа!

Снимката на социјалната мрежа X е објавена на налогот ОСИНТдифендер, кој ги следи воените случувања ширум светот.

Наведено е дека ова е јасна закана на Израелските одбрамбени сили (ИДФ).

Израелските трупи продолжуваат да се собираат во голем број во близина на Појасот Газа воочи копнената офанзива чија мета ќе бидат екстремистите на Хамас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.