Голема врева се крена за јакната што ја носеше Путин и која наводно чинеше 12.000 евра.

Но,  „Дејли Мејл“ откри и што носел претседателот под неа. Џемперот на рускиот претседател е 2.700 евра од италијанскиот бренд Китон.

Часовникот што го носел Blancpain Grande Date Aqua Lung, кој чини 9.500 евра а патиките Loro Piana, кои чинат околу 660 евра.

Под џемперот пак имал панцир

Љубовта на Путин кон скапата облека и модните додатоци како часовниците не е ништо ново. Веќе се пишуваше дека има колекција на часовници вредна околу 700.000 долари, во која Lange & Sohne Tourbograph вреди дури 462.000 долари. „Се шпекулира дека Blancpain е неговата омилена марка на часовници.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.