Израелската армија објави дека влегла во комплексот Ал Шифа, најголемата болница во Газа, повикувајќи ги милитантите на Хамас да се предадат. Д-р Мунир ал Бурш, генерален директор на Министерството за здравство на Газа, за Ал Џезира изјави дека израелските сили влегле во западниот дел на здравствениот комплекс.
Се слушаат големи експлозии, а прашина доаѓа до областа каде што се наоѓаме. Веруваме дека експлозија се случила во самата болница“, рече Бурш.
Неколку часа подоцна, портпаролот на министерството, Ашраф ал-Кидра, изјави дека „окупациската војска сега е во подрумот и пребарува“.
„Тие се во комплексот, пукаат и гранатираат. Израелските сили првично ги нападнаа одделите за хирургија и за прием на итни случаи, рече Мохамед Закут од Министерството за здравство.
Во изминатите денови има се повеќе повици од меѓународната заедница за хуманитарен прекин на огнот, а судбината на таа болница е во центарот на светското внимание поради влошените услови таму. Во болницата се сместени илјадници пациенти, членови на медицински персонал и бегалци.
Палестинското движење Хамас соопшти дека претседателот на САД Џо Бајден е одговорен за тековната израелска операција во болницата „Al Шифа“ во Газа.
„Ние ја сметаме окупацијата (името што Хамас го користи за Израел) и претседателот Бајден целосно одговорни за нападот на израелската армија врз медицинскиот комплекс Ал Шифа. Предупредуваме дека може да се случи масовно убиство во болницата“, се вели во соопштението на Хамас на арапски јазик.
Израел тврди дека милитантното движење Хамас има команден центар под Ал Шифа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.