Поранешниот американски претседател Доналд Трамп од своето одморалиште во Ирска ја коментираше судската постапка против него за наводно силување.
Тој тврди дека станува збор за „политички напад“ заснован на „лажни обвинувања“.
Поранешната новинарка Е.Џин Керол (79) го обвини Трамп дека ја силувал во соблекувалната на стоковна куќа во Њујорк во средината на 1990-тите.
Трамп досега не присуствуваше на судењето, но рече дека можеби ќе се појави во судницата.
Веројатно ќе присуствувам (на судењето) и мислам дека е срамота што е дозволено ова, лажни обвинувања против богата личност или во мојот случај против позната, богата и политичка личност, рече тој, според Скај њуз.
Керол веќе сведочеше на судењето што започна минатата недела пред федералниот суд во Њујорк.
Тука сум затоа што ме силувал Доналд Трамп, а кога пишував за тоа, тој лажеше и рече дека тоа не се случило. Лажеше и ми го уништи угледот. Тука сум да се обидам да си го вратам животот, рече таа.
Трамп денеска повтори дека е „лажно обвинет“.
Се враќам во Њујорк. Бев лажно обвинет од таа жена, немам поим која е – тоа е смешно, нагласи тој.
Тврди дека мора да го прекине престојот во Ирска поради судењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.