Политичката и економска изолација на Русија на долг рок е невозможна, развојот на Европската унија, вклучително и на Германија, секогаш ќе зависат од снабдувањето со руските суровни, вели поранешниот германски канцелар Герхард Шредер во интервју објавно во водечкиот американски дневен весник The New York Times.

Западните земји воведоа мноштво жестоки санкции против Русија како одговор на нејзината воена операција во Украина. Голем број компании најавија повлекување од рускиот пазар и затворање на производствените капацитети во земјата, а САД и ЕУ настојуваат да се запре натамошното снабдување со руски енергенси. Според Москва, многу од земјите и компаниите се решиле за таквите потези под голем притисок на Вашингтон, но верува дека руската економија ќе се справи со тешкотиите и ќе најде нови пазари на истокот за своите суровини и енергенси.

„На долг рок не можете да изолирате земја како Русија, ниту политички, ниту економски. Германската индустрија има потреба од руските суровини“, вели Шредер, за кого Њујорк тајмс пишува дека руските енергетски компании му плаќаат милион долари годишно станал парија, но и дека тој всушност ја симболизира и политиката на Германија кон Русија.

Според Шредер, дискусиите за ресурсите не се ограничеи само на системите за пренесување на енергенсите.

„Тоа не се однесува само на нафтата и на гасот, туку на ретките земјени елементи. Таквите суровини не можат едноставно да бидат заменети“, вели поранешниот германски канцелара.

Според Шредер, по завршувањето на руско-украинскиот конфликт, Германија и другите европски земји ќе ги обноват врските со Москва.

„Ќе мораме да се вратиме на соработката со Русија. Тоа секогаш го правиме“, додава.

Шредер е претседател на надзорниот одбор на руската државна енергетска компанија „Роснефт“ и има водечки позиции во контроверзните проекти на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, кои имаат за цел рускиот гас директно да го доставуваат до Германија, заобиколувајќи ја Украина. Тој треба да ја преземе функцијата и во Надзорниот одбор на „Газпром“, руската мултинационална енергетска корпорација во мнозинска државна сопственост.

Шредер, кој беше канцелар на Германија од 1998 до 2005 година и член на социјалдемократите, исто како и сегашниот канцелар Олаф Шолц, кој на почетокот од март го повика својот сопартиец да отстапи од функциите во руските компании, долго време беше критикуван за неговите блиски врски со Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.