Шпанските војници почнуваат се помасовно да го менуваат полот за да добијат повеќе бенефиции, коишто се резервирани за жените.

Новиот тренд предизвикува најпогоден пол за шпанската армија да биде „однадвор хетеросексуалец, а внатре лезбејка“, пишува „Телеграф“.

Британскиот весник ги пренесува зборовите на Роберто Пердигонес, воен офицер кој минатата година се пријавил како жена. Тој сега заработува повеќе пари и живее во луксузна куќа.

Однадвор се чувствувам како стрејт маж, но одвнатре сум лезбејка. Откако го сменив полот, ми рекоа дека ми е зголемена пензијата затоа што на жените им се плаќало повеќе за да ја надоместат нееднаквоста. Добивам и 15 отсто повеќе плата затоа што сум мајка“, вели Пердигонес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.