Шпанската социјалистичка партија на Педро Санчез постигна договор со каталонската партија „Junt“ за поддршка на новата влада во земјата, јавија денеска шпанските медиуми.

Британските медиуми забележуваат дека двете партии се уште не потврдиле дека е постигнат договор.

На парламентарните избори во Шпанија најмногу гласови доби Народната партија која обезбеди 137 од вкупно 350 мандати, но и со поддршка на крајнодесничарската партија Вокс го нема потребното мнозинство за формирање влада.

Социјалистичката партија на Санчез освои 121 мандат и со поддршка на каталонските партии ќе може да формира коалиција, наведуваат британските медиуми.

Санчез претходно постигна договор за коалиција со екстремно левичарската партија Сумар, но за мнозинство му е потребна поддршка од неколку помали партии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.