Шпанската влада денеска прогласи тридневна национална жалост за жртвите од поплавите во јужните и источните делови на земјата, кои веќе достигнаа 64 лица, пренесоа француските медиуми.

Тридневната жалост ќе започне утре, 31 октомври и ќе трае до сабота, 2 ноември, изјави за новинарите министерот за територијална политика Анхел Виктор Торес, додавајќи дека премиерот Педро Санчез утре ќе ги посети погодените области.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.