Шпанската полиција денеска уапси три лица кои се осомничени за смртта на петмина мигранти на крајот на ноември минатата година.
На мигрантите им се заканувале со мачета и биле принудени да скокнат од чамецот со кој патувале со уште десетици мигранти. Шверцерите на мигранти ги принудиле да скокнат во Атлантскиот Океан и покрај силните морски струи и студот. На тој брод/чамец биле 37 мигранти кои испловиле од Кенитра во Мароко и кои платиле по 3.000 евра за место на пловилото.
Полицијата соопшти дека подоцна го пронашла чамецот и некои документи, кои им помогнале да ги пронајдат тројцата осомничени.
Четири тела на настраданите се пронајдени за неколку часа, додека петтото е откриено по неколку дена. Нивниот идентитет е утврден со помош на примероци од ДНК земени од нивни роднини од Мароко.
Во полициското соопштение се наведува дека петмина мигранти загинале на 29 ноември во близина на брегот на Кадиз на јужниот брег на Шпанија, а претходно овој месец во врска со случајот биле уапсени двајца мажи и една жена.
Секоја година, десетици илјади мигранти, главно од субсахарска Африка, се обидуваат да стигнат до Шпанија со небезбедни чамци кои испловуваат од северозападна Африка. Најголемиот број од нив стигнуваат до Канарските острови во Атлантикот, додека останатите се обидуваат да го преминат Средоземното Море за да стигнат до брегот на Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.