Шпанија годинава ќе и обезбеди на Украина воена опрема вредна една милијарда евра, како дел од билатералниот договор што денеска во Мадрид го потпишаа шпанскиот премиер Педро Санчез и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Најважно е брзо да и помогнеме на Украина да се одбрани, рече Санчез на прес-конференција.

Зеленски денеска е во својата прва посета на Шпанија откако Русија ја почна инвазијата врз Украина пред 824 дена.

Украинската армија се соочува со руска офанзива во источниот регион Харкив, па Зеленски бара од западните сојузници дополнително оружје.

Украина во исто време продолжува со бомбардирања на внатрешноста на Русија, при што денеска загина едно лице, а тројца се ранети.

Шпанија вети дека ќе испрати десетина ракети за американските противвоздушни системи Патриот и 19 користени тенкови и муниција Леопард 2А4 од германско производство.

Украинскиот претседател денеска се сретна со шпанскиот крал Фелипе Шести, а во текот на денот ќе се сретне и со претставници на шпанскиот парламент и на опозицијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.