Масовниот штрајк на фармерите во Германија, на кој се придружија и камионџиите и машиновозачите веќе почна сериозно да влијае на секојдневното снабдување со основни производи ширум земјата.

Поради прекинатите синџири на снабдување, во маркетите може да се видат слики на празни полици за зеленчук и овошје.

Затоа, пак, наместо земјоделски производи, на празните полици се појавија пораки на незадоволство упатени до раководството на земјата.

Шолц и Зеленски го изедоа целиот зеленчук“, гласи една од гневнитев пораки од германските граѓани.

Според истражување на Институтот ИНСА, речиси 70 отсто од германските жители го поддржуваат штрајкот на земјоделците против намалувањето на владините субвенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.