Германскиот канцелар, Олаф Шолц денеска за време на телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека Берлин го поддржува одржувањето на мировниот самит за Украина во Швајцарија, соопшти денеска портпаролот на германската влада.

-Канцеларот го потврди учеството и повтори дека Германија активно го поддржува самитот. Тие се согласија дека целта е што е можно повеќе глобално учество, се вели во соопштението на германскиот портпарол.

Зеленски рече дека го информирал Шолц за ситуацијата на бојното поле и дека разговарале за одбранбената соработка и претстојната конференција за закрепнување на Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.