Специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле денеска побара од Приштина итно да се вклучи во дијалогот со Белград, што се води со посредство на ЕУ, со цел нормализирање на односите меѓу двете страни.
Шоле на социјалната мрежа Х (Твитер) објави дека во Њујорк разговарал со претседателката на Косово, Вјоса Османи, за деескалација на тензиите на Косово и „итно вклучување во дијалогот што се води со посредување на ЕУ за нормализација на односите со Србија“.
Добар разговор со претседателката Вјоса Османи за нашата заедничка посветеност на евроатлантската иднина на Косово, потребата од деескалација на тензиите и итен ангажман во дијалогот што се води преку ЕУ со цел нормализирање на односите со Србија – што е клучот за регионалната стабилност и интеграцијата во ЕУ – рече Шоле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.